Аземи во рамноправен меч загуби од Кубанецот Фелимон со судиска одлука (ВИДЕО)

Ардијан Аземи (-91 кг) во рамноправен меч загуби со одлука на судиите во осминафиналето од Кубанецот Хорхе Фелимон на Светското боксерско првенство за млади во Киелце, Полска.

Аземи одлично ги избоксира сите три рунди, а во втората и третата имаше многу поубдлив настап, нешто што Кубанецот не го очекуваше.

Во првата рунда Кубанецот притискаше со левицата и се обидуваше да го донесе Аземи во аголот. Ардијан враќаше со брзи крошеа.

Аземи во втората рунда наметна свој стил борба кој му овозможи повќе удари, а предната десница беше брза и правеше простор за удари.

И во третата нашиот боксер тргна поагресивно и добро избокисра тактички, може да се рече и дека беше подобар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО