Одложен егзебицискиот меч на Ивандер Холифилд со Кевин МекБрајт

Поранешниот боксерски шампион 54-годишниот Мајк Тајсон ги охрабри поранешните шампиони да се вратат во рингот минатата година со егзибициската борба против Рој Џонс. Еден од нив е Ивандер Холифилд (58), кој оваа година се надеваше дека ќе боксира со Ајрон Мајк и ќе ја заврши трилогијата.

Но, заглави некаде и преговорите пропаднаа. Холифилд тогаш договори борба против 47-годишниот Кевин МекБрајд, кој последен пат го совлада Тајсон во 2005 година, а тој меч сега е одложен.

Имено, тие требаше да боксираат на настанот „Трилер“ на 5 јуни, но бидејќи за тој датум беше најавена борба меѓу Флојд Мејведер Јуниор и Логан Пол, нивниот егзебиски судир е одложен за август.

„Трилер“ имаше намера да го вклучи дуелот меѓу Холифилд и МекБрајд на настан на кој ќе настапи и Оскар Де Ла Хоја, а ова беше планирано за 3 јули.

Но, на Голден бој му треба уште малку време да се подготви. 48-годишниот поранешен шампион треба да направи камбек некаде во септември.

И Ивандер Холифилд неодамна изјави дека нема би прифатил борба против јутјуберот Џејк Пол, но за добар хонорар.

„Џејк Пол нема аматерска кариера и се бори за забава, веројатно тоа е негово хоби“, рече поранешниот шампион и додаде:

„Ако верува дека може да ме победи и да ми понуди доволно пари, јас би бил среќен да се борам со него“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО