Поради вонредните мерки преземни за заштита од коронавирусот во Ниш е одложен Меѓународниот турнир под закрила на ВАКО „Балкан бест фајтер“ кој требаше да се одржи од 4 до 6 декември со учество на 12 држави.
Според известувањето од организторот, Првенството може да се одржи во втора половина на декември, доколку попуштат мерките.
Ова беше можност за кикбоксерите да излезат на борилиштата по долгата пауза заради коронавирусот.
Од таборот на нашата репрезентација истакнуваат дека кикбосерите ќе ја одржуваат формата со надеж дека Балкан бест фајтерс ќе се одржи во втората половина на декември.