Одличниот Рајан Гарсија во осмата рунда го нокаутира Оскар Дуарте

Кинг Рај се врати со победа! Американско-мексиканскиот боксер Рајан Гарсија стигна до својата 24-та победа во кариерата во салата „Тојота Центар“ во Хјустон откако во осмата рунда го нокаутира сонародникот Оскар Дуарте.

Имено, Гарсија не загуби меч до април оваа година, а потоа во дуелот против Џервонта Дејвис првпат го почувствува горчливиот вкус на поразот. Во таа борба Тенк славеше со нокаут во седмата рунда.

Рајан Гарсија ја контролираше борбата уште од првиот удар во гонгот, така што првите четири рунди отидоа на негова страна. Дуарте здивна во следните две, но потоа КингРај повторно префрли во голема брзина и ја заврши работата во осмата рунда.

Гарсија го удри противникот со леви крошеа и добро го затресе. Продолжи да го удира Дуарте додека не беше нокаутиран.

„Имам убиствен инстинкт. Кога некого силно ќе го затресам, не престанувам да удирам. Ова беше многу едноставно“, изјави Рајан Гарсија.

По поразот од Тенк, Рајан го смени тренерот, раскина со Џо Гусен и го ангажира Дерик Џејмс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО