Дана Вајт засегнат од критиките дека е стиснат: Даде 8 бонуси на УФЦ Остин

УФЦ постави личен рекорд за бонуси за изведба доделени на своите борци на синоќешната гала во Остин, доделувајќи поединечни парични награди на дури 8 борци.

Дaна Вајт постојано е на удар за ниските плати кои им ги дава на спортистите, најчесто како пример се наведуваат платите на ПФЛ. Се чини дека ова тешко го погоди бидејќи тој и неговите колеги решија да потрошат вкупно 400 илјади евра за бонуси.

Борците кои ги имаат заслужено овие награди се Арман Царукјан, Џалин Тарнер, Шон Брејди, Дастин Столцфер, Миша Тејт, Коди Брундејџ, Дракар Клосе и Џаред Гуден.

Наградата за „Дуел на вечерта“ отиде во рацете на Родолфо Бејато и Ихор Потиерија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО