Одбележан Светскиот ден на џудото (ФОТО)

Македонија го одбележа Утре е Светскиот ден на џудото 28 октомври со централниот настан во спортската сала „Македонско сонце“ при основното училиште „11 Октомври“ во Скопје во Скопје во присуство на амасадорката на Јапонија Кеико Хандеа, како и претставници на Македонскиот олимписки комите, Агенцијата за млади и спорт, Џудо федерацијата на Македонија и на џудо клубовите од нашата земја.

Во присуство на сотици џудисти беа направени џудо демонстрации и заедно ќе тренираа во согласност со годинашнава тема за Светскиот ден на џудото – „Пријателство“.

Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ) осма година по ред беше дел од глобалното одбележување на Светскиот ден на џудото, кој традиционално се прославува на 28 октомври, роденденот на основачот на џудото, Џигоро Кано.
Темата „Пријателство“ е наследник на темите „Храброст“, „Џудо за светот“, „Единство“, „Чест“, „Упорност“, „Џудо за сите“ и „Почит“, кои изминатите седум години го одбележуваа денот на тренерите, џудистите и сите оние што ја чувствуваат пасијата кон еден од најпрактикуваните боречки спортови во светот.
Повеќе од 40 милиони луѓе од целиот свет секојдневно тренираат џудо.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО