Нусрет Џафери е претседател на новиот Управен одобор на Тефејуз (ФОТО)

Боречкиот клуб Тефејуз синоќа го одржа годишното Собрание на кои имаше големи промени во Управниот одбор на клубот. Нусрет Џафери е избран за претседател на Тефејуз, кој и досега беше член на УО и еден од оние што најмногу го помага клубот со Мухамед Џони.

За потпретседатели се избрани Наим Рамука и Ертан Реџхепи, додека Мухамед Џони е директор, за кординатор е поставен Назми Али.

Тренери во клубот ќе бидат Идриз Куртиши и Реџеп Хасани, додека кондеционен тренер ќе биде Ридван Салиевски.

Во клубот и понатаму останува и олимпискиот шампион Шабан Трстена кој своето знаеење и искуство ќе го пренесува на младите.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО