Дана Вајт: Фановите ја сакаат средбата Мек Грегор – Нурмагомедов

Во моментов повеќе од логично би било носителот на привремената титула во лесна категорија Тони Фергусон да се исправи против шампионот Конор Мек Грегор. Некои се уште чекаат да ја видат завршницата на трилогијата на Ирецот со Нејт Дијаз. Според Дана Вајт, сепак, голем дел од фановите би уживале да го видат Мек Грегор во меч против Хабиб Нурмагомедов.

Во неодамнешното интервју претседателот на УФЦ истакна дека на Мек Грегор може да му биде одземена титулата, ако не ја брани. А кога го прашале за третата средба со Дијаз, Вајт почнал да зборува за Нурмагомедов.

„Фановите сакаат да го видат Конор Мек Грегор против Хабиб Нурмагомедов. Ќе биде голема средба. Во Русија дури нема стадион кој може да ги собере сите оние кои сакаат да го следат натпреварот во живо“.

Вајт раскажа и за доброто претставување на Дагестанецот против Едсон Барбоза во УФЦ 219, како и против сите други свои противници.

„Сите очекуваат да го видат во битка со Конор, а многумина дури веруваат дека Нурмагомедовг ќе доминира. Но тоа се случува пред сите дуели на Ирецот. Дури кога тој се соочи и со Еди Алварез, тогаш многумина очекуваа Алварез да победи, но, всушност, Конор го совлада со леснотија. Потоа Алварез се појави против Џастин Гаетје во еден од најжестоките дуели кои некогаш сме ги виделе. Гаетје имаше 18 победи и ниту еден пораз досега, пред да го нокаутира Алварез. Сепак, Конор не се помачи да го победи“.

„Конор Мек Грегор е неверојатен борец, но не секој може да го процени поради сите негови приказни“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО