Ристо Димитров – Чурино со едно од најдобрите времиња на полумаратон во Оман

Битолчанецот Ристо Димитров – Чурино не престанува да не изнанедува со неговите спортски подвизи во Оман. Утрово Димитров го истрча маратонот Al Mouj Muscat Marathon 2018 (Ал Муј Мускат Маратон) со време од 1:45:36 часа, што е едно од најдобрите на полумаратонот од 21,1 километар.

Да потсетиме дека Димитров настапува за УФЦ џим Оман.

Натпреварувачи имало речиси од цел свет, околу 6000, Филипини, цела Европа, скоро цела Азија, Африка

Блискиот Исток, странци со живеат и работат во Оман и во Дубаи.

„Сепак, главна потпора да го истрчам полумаратонот и да постигнам добар резултат ми беа сопругата Милка и синот Марко кои се на гости кај мене“, вели популраниот Чурин.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО