Нуров преку Србинот Јовановиќ до висок резултат на Европското првенство

Утре на Европското првенство во борење во Нови Сад настапува третиот наш репрезентативец, Магомедгаџи Нуров, во категоријата до 97  килограми.

Денес тој одлично помина на мерењето и во осминафиналето ќе се сретне со борачот од Србија, Марко Јовановиќ. Може да се каже дека Нуров има поволен жреб и шанса за добар резултат. Ако ја помине првата препрека во четвртфиналето ќе има шанса да му се реваншира на турскиот репрезентативец Риза Јилдерим и да обезбеди пласман во најдобрите четири во оваа категорија.

Нуров недомана покажа дека е добра форма со освојувањето на бронзениот медал на силниот Меѓународен турнир „Дан Колов“ во Бугарија. Тогаш Нуров прво го совлада светскиот и европскиот шампион и олимпиец на Бугарија, Михаил Ганев, со убедливи 7-4, потоа го совлада одличниот Ксенидис Тимофеи 18-14. Во четвртфиналето загуби од турскиот претставник Риза Јилдерим 3-7.

Во четврток ќе настапи и последниот наш борач Елмедин Сејфулаху.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО