Нуров по долгиот пост може да донесе бронзен медал на Македонија од ЕП

Македонски борач Магомаедгаџи Нуров (97 кг) вечерва се бори за бронзен медал против Грузиецот Елизбар Одикадзе на Европското првенство во Нови Сад, Србија.

Тој до борбата за трофеј стаса преку репасажот, во кој со технички туш (10-0 на поени) славеше против Естонецот Рагнар Каасик.

Претходно, во осминафиналето, исто така со технички туш (10-0), го победи Србинот Марко Јовановиќ, а во четвртфиналето со 4-7 загуби од Риза Јилдерим од Турција. Така што не успеа да му се реваншира на Јилдерим за поразот на „Дан Колов“ во Бугарија кога го освои бронзениот медал. Бидејќи Турчинот се пласира во финалето, Нуров доби шанса во репасажот. Македонскиот репрезентативец, вооедно и борач на Вардар, има шанса по долго време на Македонија да и донесе медал од Еропско првенство.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО