Карате-до во Парк – за набавка на опрема на Програмата Мал змеј

Во сабота ќе се одржи тренинг-работилница за карате до во Градскиот парк во Скопје. Ова е непрофитен настан и парите одат во фондот за набавка на опрема од Програмата „Мал змеј“.

„На отворено ќе има два часа избалансиран тренинг и работилница со која ќе се запознаеме со јапонската култура и вештина преку специјално адаптиран тренинг на отворено. Со бескрајно забавни игри кои се создадени да ги разбудат сите наши сетила и движења. Два часа да заборавиме на сите свои грижи. Да ги наполниме „батериите“ со свежа позитивна енергија“, се вели во поканата за овој настан.

Темата е баланс и контрола, а може да учествуваат сите, од најмалку 4 годишна возраст до 97. Се што ви треба се желбата за нова авантура, комотни алишта (работилницата опфаќа слободно креативно изразување).
Цената за настанот е 300 денари кои ќе бидат наменети за фондот за набавка на опрема на Програмата „Мал змеј“.
Настанот ќе се одржи до Централ парк кафе на езерце во Градски парк во 17 часот во организација и изведба на Шуготенши Карате до – Бушидо школа и Програмата Мал змеј.
Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО