Нурмагомедов: Откако го победив Гејџи, забележавте дека е само страјкер

Хабиб Нурмагомедов се пожали дека неговата победа над Џастин Гејџи е повторно омаловажена, како што се случи со неговите претходни победи.

Нурмагомедов го победи Гејџи во нивната шампионска борба на УФЦ 254. Дагестанецот го притисна својот противник од самиот почеток и го заврши со триаголник во партер.

Пред мечот, Гејџи важеше за најопасниот борец за Хабиб и неговиот најтежок тест – поради силните удари и искуството во борбите.

Сепак, Нурмагомедов зборуваше со горчина за дагестанските медиуми:

„Имаше многу гласини од новинари и експерти дека ова ќе биде моето најтешко искушение и како и секогаш, сега по мечот велат дека тој бил само напаѓач и дека немал искуство на партер. Ова се случува по секој мој меч”.

Нурмагомедов откри каков бил планот за битката со Гејџи и како таа била следена совршено со еден исклучок.

„Тој удираше и со рака и со нога. Планот беше да го поттурнеме и да го натераме да погоди, да прави грешки и да се умори во првата рунда. Потоа во втората рунда ќе го нападнев. Како што можете да видите во првата рунда беше истоштен и сè одеше добро на планот … со еден исклучок. Од аголот ми рекоа дека влегувам премногу напорно. На моменти буквално трчав директно, а планот беше малку поинаков, но кога влеговме во октагонот, психата ми се смени“, рече Хабиб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО