Нурмагомедов: Кевин Ли загуби од Фергусон оти се бореше како страшливец

Вториот најдобар борец во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, сериозно го следи развојот на настаните по средбата меѓу Тони Фергусон и Кевин Ли на УФЦ 216, во случај да му се наложи да се соочи со победникот, ако Конор Мек Грегор не успее да ја одбрани титулата. УФЦ му го предложи Едсон Барбоза, но не се зане дали Нурмагомедов дали ќе го прифати овој предлог.

Ли загуби од Фергусон со сабмишн во третата рунда овој месец, но, според Нурмагомедов, причините за тоа не се ниту инфекции, ниту проблеми со симнувањето на килажата.

„Сметам дека Фергусон победи, бидејќи Кевин Ли се бореше како страшливец. Тоа е. Ли премногу зборува и не е многу фокусиран на самата битка, како на нејзиното промовирањет. Во почетокот на дуелот Ли маваше Фергусон, во втората рунда си стоеше настрана, а прими доста удари, но во третата директно си се предаде. Едноставно, ја немаше потребната подготовка, ништо повеќе“.

Нурмагомедов (24-0) не се борел околу една година, а се очекуваше да се сретне со Фергусон на уФЦ 209, но средбата не се одржа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО