Борбата меѓу Конор Мек Грегор и Жорж Сент Пјер, Дана Вајт не ја одрекува

Иако до неодамна не покажуваше особен интерес да се сретне со шампионот на УФЦ во лесна категорија Конор Мек Грегор, Жорж Сент Пјер изјави дека на крајот на краиштата Дана Вајт е шеф и ако сака таква борба, ќе ја добие. Неодамна, претседателот на организацијата јавно изјави дека таквиот настан меѓу Мек Грегор и Сент Пјер не може да се отфрли.

„Ако победи на претстојната средба, ЖСП прво ќе треба да ја брани титулата, а и Конор пред тоа има да заврши уште некои обврски овде – онде. Можеби ќе почекаме барем година и нешто пред да почнам да зборувам за таква голема средба“.

И навистина, на Сент Пјер му претстои средбата со актуелниот шампион во средна категорија Мајкл Биспинг во главната борба на УФЦ 217 на 4 ноември 2017 година, што ќе се одржи во Њујорк. Што се однесува до Мек Грегор, најверојатно, во следната битка ќе ја брани титулата против Тони Фергусон.

„Во моментов секој сака да се сретне со Конор Мек Грегор. И како што секогаш велам, во предвид ги имам натпреварувачи во сите три категории – како и да го погледнеме, сепак ќе се интересни средби“.

Така вели Дана Вајт, кој истакнаува дека ако се одржи средбата со Сент Пјер, сигурно ќе најдат место.

„Во моментов не знам каде би се одржала. Може да ја направиме во Кроук парк, Ирска, каде што има околу 100 илјади места, а може и во Торонто, каде што ќе има место за 56 000 луѓе. Вегас секогаш е добра опција“.

Како за почеток, и двајцата борци имаат сериозни средби преку кои треба да поминат, но потоа ништо не ги спречува да се сретнат во сериозна и интересна битка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО