Митрион против Харитонов, Минаков против Џонсон

Руската промоција за Фајт најт глобал го најави дуелот за следната година меѓу Витали Минаков и Сергеј Харитонов.

Руските тешкаши пред меѓусебната пресметка ќе одработат најмалку  по еден меч.

Виталиј Минаков (20-0) на 15 декември ќе се бори против Тони Џонсон (11-3). 31-годишниот Американец има победи над Дерик Луис, Александар Волков, Баге Агаев, Тони Лопез и Тим Силвија.

Според непотврдени информации, Мет Митрион (12-5) во декември треба да се бори против Сергеј Харитонов во Белотор.

„Метахед“ во јуни го нокаутира сонародникот на Харитонов Федор Емелијаененко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО