Нурмагомедов е суспендиран 9 месеци Мек Грегор 6, со високи парични казни

Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов се суспендирани и добија високи казни поради инцидентите што ги предизвикаа по нивната пресметка во Лас Вегас во октомври минатата на УФЦ 229.

Атлетската комисија на Невада двајцата гo суспендира Нурмагомедов девет месеци, со тоа што казната моше да се намали за 3 месеца ако учествува во програмата против насилството, а  ќе мора да плати и казна од 500.000 долари. Мек Грегор доби суспенизија од шест месеци и глоба од само 50.000 долари. Ирецот доби далеку помала парична казна, бидејќи иницијатор на инцидентите по борбата беше Нурмагомедов.

Дагестанецот ја прославуваше победата и наеднаш скокна во публика, за да се пресмета со тренерот Дилон Данис и дел од тимот на Мек Грегор. Две лица од неговиот тим исто така влегоа во октагонот по борбата и го нападнаа Мек Грегор. Тие добија посебни суспензии од по една година и не смеат да бидат дел од тимот на Нурмагомедов во УФЦ натпревари за тоа време.

Суспензиите на двајцата борци ќе истечат во април, но информациите во медиумите велат дека реванш меѓу Нурмагомедов и Мек Грегор најверојатно ќе има во октомври.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО