Нурмагомедов го прати Морозов на спиење (ВИДЕО)

Умар Нурмагомедов ја оствари првата победа во УФЦ на спектакуларен начин, „задушувајќи“ го поранешниот М-1 Глобал шампион, Сергеј Морозов на „Борбениот остров“ во Абу Даби.

Братучедот на УФЦ шампионот во лесна категорија Хабиб, во првата рунда беше конкуретен со  добар микс на удари, соборувања и транзиции, Морозов добро се држеше и самиот упати одлични удари. Во втората, 24-годишниот Нурмагомедов со нога го погоди Морозов во глава, притоа мечот се смени и Морозов немаше шанси, на крајот останувајќи во несвест кон крајот на мечот.

Хабиб беше покрај кафезот на братучедот кој го подобри скорот во ММА на 13-0, додека Казахстанецот Морозов доживеа пораз по пет победи во низа.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=264&v=fPssJ8QE2BA&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО