Нурмагомедов до УФЦ: Сакам меч со Фергусон за титулата, тој е вистинскиот шампион

Непоразениот борец во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, зборуваше за следниот дуел, посочувајќи го привремениот шампион Тони Фергусон.

Обично привремениот шампион веднаш добива меч со шампионот во категоријата и сите очекуваме битка меѓу Фергусон и Конор Мек Грегор, која најверојатно ќе се одржи на 30 декември.

Опоравен од повредите „Орелот“ сака да биде на врвот на категоријата.

„Се надевам дека УФЦ ќе ми даде шампионски дуел. На крајот на годината сакам се да вратам – вниманието, титулите. Сакам се да земам. Ќе видиме што ќе се случи, но се надевам УФЦ да направат трет меч меѓу Нејт Дијаз и Конор, за да можам јас се сретнам со Тони Фергусон.

Мислам дека Тони е вистинскиот шампион. Не мислам дека ја има привремената титула, туку вистинската. Луѓето сакаат да ме видат против него. Тони е многу подобар борец и сакам да ја освојам титулата од него. Конор е официјален шампион, но не е вистински шампион според навивачите.

Моите обожаватели велат дека морам почесто да се борам. Се согласувам. Затоа одам во болници, се оперирам. Треба малку попрофесионално да се однесувам со килограмите за да се вратам во категоријата. Се согласувам со тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON