Дана Вајт: Не го отпишувајте реваншот меѓу Мек Грегор и Мејведер

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, не ја затвора вратата за реванш меѓу ѕвездата на ММА Конор Мек Грегор и непобедениот боксер Флојд Мејведер.

„Никогаш не би отпишувал таква борба, но се сомневам дека тоа ќе се случи“, рече Вајт.

Мек Грегор е убеден дека на втора средба со боксерот ќе биде во можност да победи, иако во август загуби со технички нокаут.

Сепак, шансите за таква битка се многу мали, бидејќи сите очекуваат Ирцот да ја брани титулата во лесна категорија против Тони Фергусон во УФЦ, а Мејведер ужива во пензискиот живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО