Официјално: Нема да има меч меѓу Ентони Џошуа и Кубрат Пулев

Мечот меѓу Кубрат Пулев и Ентони Џошуа на 28 октомври во Кардиф нема да се одржи.

Причината за тоа е повредата на бугарскиот боксер, а веста за откажувањето на дуелот беше официјално соопштена од промоторот Еди Херн. Тој откри дека наместо со Пулев, Џошуа ќе се сретне со Карлос Такам, кој е број 3 на ранг-листата на ИБФ.

Минатата ноќ стана јасно дека Пулев се здобил со повреда за време на неговите подготовки во Берлин. Од неговиот штаб ја чуваат во тајност информацијата за повредата, но по прегледот со ехограф е потврдено дека Бугаринот нема да може да се опорави за борбата со Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО