Нуорв загуби во одлучувчката борба од Гаџиев, која му овозможуваше меч за бронза на ЕП

111

Могамедгаџи Нуров на патот до медало преку репасажот беше сопрен од Азербејџаневот Нурмагомед Гаџиев кој го совлада со 4-7 во последната препрека до мечот за бронзата на Европското првенство во Рим, Италија .

Нашиот репрезентативец успеа да ја мине првата репасажна борба во категоријата до 97 килограми преку извонреден настап и се избори победа од 7:0 над Турчинот Болукбаши..

Вториот наш борач кој беше поразен вчера, Фати Вејсели, исто така доби шанса за репасаж, но тој беше убедливо поразен од Турчинот Јавуз со 7:1 на поени и ги заврши настапите на ЕП.

Денеска на душекот се појави и нашиот втор адут, Владимир Егоров, но во квалификациите беше поразен од Ерменецот Харутјунјан со 6:0, па и тој ќе го чека расплетот на останатите битки за евентуален репасаж во категоријата до 61 кг. Последен треба да настапи Бобан Данов во апсолутна категорија до 125 кг. каде во осминафиналето за противник го има Белорусинот Џиатко.