Новата македонска боксерска надеж Кристијан Стојковски освои турнир во САД за 36 секунди (ВИДЕО)

Младиот Македонец Кристијан Стојковски (15 год), кој е од Скопје, односно со неговите родители живеел Аеродром, го освои турнирот „Ризинг старс“во аматерски бокс во категорија до 66 килограми во Хилиард, Охајо, САД.

Стојковски на 27 август ја имаше финалната борба која ја доби експресно со ТКО за 30 секунди, која му е 10-та победа на овој турнир кој се одржува еднаш или два пати годишно под мотото „Разни ракавици наместо пиштоли – Турнир на ѕведите во подем“.

Инаку Кристијан со бокс се занимава две години, а тренира под раководсво на боксреката легенда и поранешен светски шампион во тешка категорија Џејмс Бастер Даглас.

Претходно неговиот боксерски талент го открива освојувачот на златниот медал од Олимписките игри во Лос Анџелес 1984 година Џеру Пејџ. Потоа го забележува Бастер Даглас и го зема под закрила.

Кога доаѓа во Македонија, за да ја одржува формата, тренира со тренерот Руждија Калач.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО