На Балканското кик бокс првенство во Скопје 221 натпреварувач од 8 држави

На Балканското кик бокс првенсво во Скопје од 3 до 5 септември во СЦ „Борис Трајковски“ ќе настапат 221 натпреварувач од 8 држави, според пријавите.

Македонија ќе настапи со 94 натпреварувачи во сите дисциплини, Србија со 57, Босна и Херцеговина со 28, Црна Гора и Словенија со 14, Турција со 10 и Косово со 4 кикбоксери.

На БП се очекува да присустува и претседателот на ВАКО, Рој Бејкер, како и претседателот на ВАКО Европа, Иштван Кирали.

Натпреварувањето ќе се одвива по строгите протоколи на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство.

Да потсетиме дека Балканското првенство за кадети, јуниори и сениори требаше да се одржи 25 до 27 септември мината година, но поради состојбата со коронавирусот беше одложено.

Тогаш на ФБ страницата на ВАКО Македонија беше обајснето дека во консултации со Балканската ВАКО федерација и со Агенцијаера за млади и спорт е одлучено да Балканското првенство да биде одложено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО