Дејан Митровски: 2021 година ќе ја запаметиме по убави нешта за кикбоксот – стана олмписки спорт и е вклучен на Европските игри 2023

Претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија м-р Дејан Митровски – Урко, изразува за задоволство и чест од информацијата дека кикбоксот е вклучен во програмата на Европските спортски игри 2023 година.

„Оваа 2021 година за среќа ќе ја запаметиме и по убави нешта за кикбоксот и спортот воопшто. По целосното признавање на кикбоксот и маитаито како олимиски спортови, годинава се закитуваме со уште една долгогодишна заложба и прием на кикбоксот како дел од спортската програма на Европските спортски игри 2023 година“, истакна Митровски.

Вчера официјално беше потврдено дека кикбоксот со дисциплините фул контакт, лајт контакт и фајт поинт ќе биде дел од Европскиот игри во 2023 година.

Европскиот олимписки комитет (ЕОК) ги објави 20 -те спортови што ќе ги добијат медалистите на Игрите на Стариот континент, кои ќе се одржат во полскиот град Краков. Меѓу нив е кик боксот, кој е прифатен во програмата заедно со фудбалот на плажа.

Под раководство на меѓународната федерација ВАКО кикбоксот веќе стана дел од Азиските, Африканските, Светските и Борбените игри. Во оваа ситуација, неговото вклучување на Европските игри во Полска е природен следен чекор. Потсетуваме дека федерацијата неодамна доби целосен статус кај Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

За време на Европските игри во Краков ќе имаме можност да видиме 128 спортисти од целиот свет кои ќе влезат во битка за медалите во рингот (фул контакт), како и на татами (поинт фајт и лајт контакт).

„Исклучително сум среќен со прифаќањето на кикбоксот во официјалната програма на Европските игри во 2023 година. Би сакал да изразам искрена благодарност до ЕОК и локалните организациски комитети за овозможување на ова. На овој начин, ние продолжуваме по својот пат и можеме да ги покажеме вредностите што ги носи нашиот спорт“, рече претседателот на ВАКО, Рој Бејкер.

Претседателот на ЕКО Спирос Капралос, исто така, беше возбуден да го поздрави спортот како дел од Европските игри во 2023 година.

„Кик боксот има јасна визија за развој и дава одлична можност за меѓународен напредок за своите водечки спортисти. Возбудени сме што ќе ги видиме на нашите Игри и едвај чекаме да дочекаме уште еден модерен и возбудлив спорт на континентално ниво“.

На Европските игри во Краков ќе има вкупно 5 боречки вештини. Покрај кикбоксот, ќе има и спортисти во бокс, карате, мај тај и таеквондо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО