Нова брука на Конор Мек Грегор: Плукна в лице на маж затоа што викаше за Хабиб

Изгледа дека Конор Мек Грегор се труди максимално да не успее. Недела по недела, овој некогаш најпопуларен ММА борец во светот паѓа сè пониско и пониско. Во последните недели жестоко ги навредуваше Хабиб Нурмагомедов и неговите соборци, а потоа се сврте против сонародникот Пол Хјуз бидејќи Хјуз по мечот му оддаде почит на Усман Нурмагомедов. Ако се вратиме неколку месеци подоцна, ќе дојдеме до судска пресуда според која Мек Грегор е осуден за силување.

Ирецот е еден од класичните примери на спортисти кои не биле подготвени за огромните пари и слава што ја постигнале. Мек Грегор не може да се справи со овој начин на живот и своеглаво тоне во пропаст. Новиот срамен чин на Конор синоќа почна да кружи на социјалните мрежи.

Пред се, треба да се истакне дека не се знае точно кога е снимен овој инцидент, но на снимката се гледа како Мек Грегор плука во лице на непознат маж. Човекот всушност го испровоцира Мек Грегор викајќи:

„Одиме, Хабиб“!

Откако го слушнал крикот, Мек Грегор налутено се свртел, му пришол на насмеаниот човек, а потоа го плукнал в лице. Плукањето на Конор не предизвика никаква реакција, а Мек Грегор додека заминуваше рече:

„Те плукнав в лице и што направи? Ништо“.

Конор поради ова би можел повторно да се најде во неволја со законот. Според некои американски извори, плукањето во лице е класифицирано како напад/насилно однесување и Мек Грегор би можел да се соочи со прекршочни обвиненија на суд, доколку бидат поднесени обвиненија.

Вистина е дека човекот го испровоцира без никаква провокација, но ѕвезда како Мек Грегор треба подобро да се справи со такви работи. Плукањето во лице на друг дефинитивно не е слика што еден толку популарен (поранешен) спортист треба да му ја испрати на светот, но Мек Грегор очигледно веќе не познава граници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО