САД ќе испратат елитен тим на Загреб oпен 2025

Голема група американски борачи ќе отпатува во Загреб, Хрватска, за да ги претставуваат САД на „Загреб опен“ од 5 до 9 феруари- првиот обединет светски турнир во борење за сениори во 2025 година.

Турнирот ќе се одржи во Арена Загреб и ќе започне на 5 февруари. Натпреварот ќе започне во слободен стил за мажи, потоа во слободен стил кај жените и ќе заврши со грчко-римско борење.

Американскиот тим вклучува голем број на етаблирани имиња. Олимпискиот и трикратен светски шампион Кајл Снајдер ќе настапи во категоријата до 97 килограми. Нему му се придружуваат олимпискиот сребрен медалист Спенсер Ли (57 кг) и бронзениот олимписки медалист Арон Брукс (92 кг). Светскиот вицешампион Џејмс Грин ќе се натпреварува во категоријата до 70 килограми, а ќе учествува и бронзениот на Светското првенство во 2023 година, Захид Валенсија.

И во женска конкуренција САД испраќаат импресивен состав. Сребрената олимписка медалистка и трикратна светска медалистка Кенеди Блејдс ќе се натпреварува во категоријата до 68 килограми. Сениорската светска шампионка Џакара Винчестер (55 кг) ќе биде дел од натпреварот, како и членот на светскиот тим Ареана Вилаескуса (55 кг). Светската шампионка до 23 години Јелена Макојед ќе ги претставува САД во категоријата до 76 килограми.

Во грчко-римски стил американската делегација вклучува голем број елитни спортисти. Во категоријата до 63 кг ќе настапи олимпијката Елис Колман, а американските бои ќе ги бранат спортистите на армискиот ВЦАП/ WCAP Илдар Хафизов (63 кг) и Алехандро Санчо (67 кг). Шампионот на олимписките екипни настапи Далтон Робертс ќе се натпреварува во категоријата до 60 килограми, а меѓу учесниците ќе бидат и членовите на Светскиот тим Брејди Кунц (55 кг) и Бенџамин Пик (72 кг). Џеси Портер (82 кг) и Спенсер Вудс (87 кг) ќе го надополнат силното присуство на САД во дисциплината.

Американската делегација од 42 спортисти ќе биде меѓу најголемите на турнирот каде ќе ги одмери силите со светската боречка елита,Загреб опен 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО