АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ

Нов голем успех на Катерина Ацевска – освои бронза на Европското џиу џицу првенство

Нов голем успех на џиу џицу репрезентативката Катерина Ацевска, го освои бронзениот медал Европското првенство за сениори во Хераклион на Крит, Грција.

Нов голем успех на џиу џицу репрезентативката Катерина Ацевска, го освои бронзениот медал Европското првенство за сениори во Хераклион на Крит, Грција.

Ацевска докажа дека припаѓа на европскиот врв и дека може да очекуваме нови успеси. Таа минатата година во Тајланд го освои првиот историски медал за сениори во џиу џицу, се закити со бронза.

„Русинката (Алина Сударикова, настапи како неутрален спортист, во фианлето ја победи со ипон Греманката Лота Сандер) која стана европски шампион изгуби од Катерина 15-4 на последното Светско првенство во Тајланд. Тоа е спортската среќа, тоа е жребот, секако сме задоволни од освоениот медал. Во категорија имаше 10 борци и многу држави останаа зад нас.

Нашите останати борци, Христијан Јованов, Зоран Колевски и Данил Николиски имаа помалку среќа. Кај Зоран 19 во категорија, заврши на 13-тото место, кај Данил 10 во категорија, заврши на 9-то место и кај Христијан 16 во категорија, заврши на 13-то место.

Данил се обиде да се бори и во сениори, но, за жал, во првата борба имаше повреда на лактот и мораше да се задоволи со 4-тото место од 5 борци.

Големо искуство за нашиот тим, влегуваме поспремни во 2026 година каде што не очекуваат многу турнири“, вели селекторот Александар Ацевски.

Screenshot

Резултати Европско првенство::

Џиу џицу фајтинг
Сениори
+70 кг
Катерина Ацевска – Лота Сандер (Германија) 5-13
Катерина Ацевска – Сесилија де Алора (Италија) 9-2
Катерина Ацевска – Надина Билјановиќ (Хрватска) 50-0 (ипон)

-56 кг
Данил Николиски – Ријан Шериф (Франција) 0-50

+94 кг
Христијан Јованов – Светлин Занков (Бугарија) 0-50 (ипон) 13. место
Репасаж
Христијан Јованов – Алехандо Гарсија Калво (Шпанија)

У-21
-56 кг
Данил Николиски – Серхио Мауро Кало (Италија) 13-16 7. место
Репасаж
Данил Николиски – Габриел Едуардо Блидариу (Романија)

-69 кг
Зоран Колевски – Дејан Палакаловиќ (Босна и Херцеговина) 7-11 13. место
Репасаж
Зоран Колевски – Теодор Богдан Карабинеру (Романија) 0-13

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON