АктуелноДомашна сценаКарате

Берат Јакупи за Филип Стојанов и трагичниот 16 март: Твојата приказна е доказ дека и по најтешките моменти, човекот може повторно да стане и да продолжи да се бори

Како негов селектор, секогаш сум му верувал на Филип. Тој никогаш не ме разочарал. На секој натпревар го дава максимумот, борејќи се со посветеност за тимот.

„Денес се навршува една година од тешката трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што 63 млади луѓе ги загубија животите во еден од најболните настани што ја погодиле нашата земја. Рана која сè уште боли и спомен што нè обврзува никогаш да не ги заборавиме оние кои прерано заминаа од овој свет“, пишува поранешниот репрезентативец и селектор Берат Јакупи на својот Фејсбук профил.

Во таа трагична ноќ имаше и преживеани, истакнува Јакупи, нагласувајќи деке еден од нив е Филип Стојанов, член на карате репрезентацијата на Македонија. Судбината посака тој да преживее, посочува тој, а денес продолжува да биде пример за сила и волја да се продолжи понатаму.

„Како негов селектор, секогаш сум му верувал на Филип. Тој никогаш не ме разочарал. На секој натпревар го дава максимумот, борејќи се со посветеност за тимот.

Филип, ти посакувам здравје, сила и долг живот. Твојата приказна е доказ дека и по најтешките моменти, човекот може повторно да стане и да продолжи да се бори.

Денес со болка се сеќаваме на 63-те млади луѓе кои ги загубија животите и се надеваме дека споменот за нив секогаш ќе остане жив“, истакнува Берат.

Репрезентативецот и до неодамна член на КК Партизан од Кочани Филип Стојанов одгвори на топлите зборови на Берат Јакупи.

„Голема благодарност за поддршката тренер, почитта и зборовите што ми ги упативте. Овој гест и хуманоста што ја покажавте навистина многу ми значат.
Никогаш нема да заборавам кога првпат ме водевте како селектор на Балканското првенство во Бања Лука во 2019 година. Тој момент засекогаш ќе ми остане во сеќавање. Оттогаш па наваму, вашата поддршка и верба во мене се нешто што многу ми значи и ме мотивира да продолжам да се борам и да давам сè од себе.
За мене, вие отсекогаш сте биле пример и идол – не само како тренер, туку и како човек.
Ви благодарам од срце за сè“, напиша Стојанов.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON