Денисе Килхолц импресивно победи на главниот настан на Белатор 247 во Милано (Италија), триумфирајќи по само 43 секунди во кафезот.
Поранешната шампионка во кик-бокс не и остави шанса на Кејти Џексон, користејќи ги силните удари со рацете. Килхолц ја опсипа противничката со удари во главата, така ја фати неподготвена и брзо ја сруши на партер. Судијата брзо интервенираше и го заврши мечот, давајќи и ја четвртата последователна и шеста победа на 31-годишната Холанѓанка на вкупно 8 ММА натпревари.
🧨 DYNAMITE FINISH!
A huge first-round stoppage win for @Denisekielholtz in the #Bellator247 main event. pic.twitter.com/n0vCJAq5Js
— Bellator Europe (@Bellator_Europe) October 1, 2020
„Имам план и секогаш кога ќе влезам во кафезот, тој работи. Тоа не беше баш мојот план, но беше нешто такво“, изјави Килхолц по мечот.
https://www.instagram.com/p/CFyllrmgTyv/?utm_source=ig_embed