АМС: 10 џудисти влегоа во категоријата спортист – Спортска надеж

Агенцијата за млади и спорт соопшти дека 10 џудисти се влезени во категоријата спортист – Спортска надеж.

Во оваа категорија влегоа Резарт Хусеини, Јорданчо Ѓорѓиоски, Давор Велкоски, Андреј Чакароски, Еди Шерифовски, Абреша Реџепи, Ангела Боровичанин, Румејса Фејзула, Теодора Димеска и Марио Цинцаровски.

Согласно решението, спортистите потпишуваат договор за регулирање на правата и обврските што произлегуваат од него.

За доделената спортска категорија џудистите ќе бидат ослободени од плаќање данок на доход.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО