Нокаут победата на Гого Славески во првата рунда (ВИДЕО)

Горјан-Гого Славески изминатиов викенд на БКФЦ 26 кој се одржа во Флорида славеше со нокаут во првата рунда против Џастон Стилс.

Ова е втор меч на Славески за БКФЦ и втора победа во низа. На првата средба во април извојува победа со нокаут над Рамал Аманов од Русија.

За настапот во САД, каде што се одмоќаини, Славески вели:

„Па, јас веќе 8 години се борам во САД, не ми е ништо ново“.

За она што следува рече:

„Чекам да заздравам од оваа борба и ќе видиме наскоро какви се плановите за во иднина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО