Хавиер Мендез: Умар Нурмагомедов ќе стане шампион

Хавиер Мендез, тренерот на тимот на Хабиб Нурмагомедов, ги сподели своите впечатоци од настапот на Умар Нурмагомедов.

Минатиот викенд на УФЦ Вегас 57 во Лас Вегас Умар ја доби битката со Американецот Нејтан Менес. 26-годишната ѕвезда од Дагестан остана непоразена со скор од 15-0 во ММА. Умар е поранешен шампион на Самара во ММА, ГФЦ и ФНГ. Се бори во категориите петел и перо и веќе има 3 победи за УФЦ.

„Омар се претстави совршено. Работеше според планот на покојниот Абдулманап. Јас сум неверојатно горд на она што го направи во оваа битка. Неговиот татко се гордее со него, цела Русија се гордее со него.

Заврши неверојатна работа и покажа дека младиот Орел ќе стане шампион“, изјави Мендез во интервју за УФЦ Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО