Тренерот на Оливеира: Махачев не заслужува шанса за титулата

Диего Лима, тренер на поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија (до 70 килограми) Чарлс Оливеира, смета дека Ислам Махачев не треба да се бори за испразнетата титула. Неодамна се појави гласина дека Дана Вајт и компанија сакаат Махачев да се бори со Оливеира за појасот во октомври во Абу Даби.

Сигурно муслиман ќе ја предводи оваа борбена карта бидејќи тие се популарни таму. Хабиб Нурмагомедов не престанува да бара шанса за титулата за својот близок пријател. Вајт сака Махачев да се бори со Бенеил Дариуш, а опциите за Оливеира не се многу.

Шанса за титулата најмногу заслужуваат Махачев и Дариуш, бидејќи се во серија на победи. Лима смета дека Ислам не заслужил шанса и прво мора да се бори со борец од топ 5 во лесна категорија.

„Не сакам да ги омаловажувам заслугите на Махачев, тој е чудовиште. Пеколен борец кој се докажува и во стој и на партер. Но, со кого се бори?

Погледнете низ што мораше да помине Чарлс за да се бори за титулата. Да, како и сите други… Фергусон не освои титула и по 12 победи. Тогаш зошто Махачев ќе ја добие?

Зошто УФЦ не го испроба? Зошто не му го дадоа Чендлер? Или Гејџи? Зошто воопшто не му даваат еден од топ 5? Чарлс мораше да го победи Фергусон за да ја добие својата шанса“, изјави Лима за Ag.Fight.

Оливеира сака да се бори со Конор Мек Грегор, но се уште ништо не е познато за враќањето на поранешниот двоен шампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО