Ништо ново од Премиер лигата во Париз, само Вероника Костовска стигна до третото коло

И денешниот ден не донесе нешто позначајно за македонските каратисти во првото коло наКарате 1 Премиер лига во Париз (Париз опен) 2018. Максимумот беше две победи на Вероника Костовска од КК Кеикс, останатите или губеа во првото  коло или во второто, а Моника Стефановска не ја искористи шансата во репасажот.

Се на се, само Моника Стефановска има пласман, односно е девета во категоријата, со што ќе освои бодови и ќе го поправи пласманот на Ранг листата на ВКФ. Сепак, ова е премалку за очекувањата што ги имаше во нашата Федрација и јавноста.

Неколку турнири од Премиер лигата се бодуваат за Олмписките игри во Токио 2020, а речиси во секоја категорија се 64 најдобри на светската ранг листа на ВКФ. Во Париз имаше 756 натпреварувачи од 81 земја.

Ова е апсолутно лош старт на нашите каратисти, ако се има предвид дека во Премиер лигата освојувавме и медали, но последните три кола од минатата година предупредија дека нешто се случува во наштата репрезентација, зашто најмногу минуваа две кола.  

Резултати

-61 кг – 64

Наташа Стефановска – Анита Серогина (Украина) 0-3

Вероника Костовска – Сабрина Хостелер Хедер (САД)

Вероника Костовска – Кристина Грасија Верер (Шпанија) 4-0

Вероника Костовска – Александра Гранде (Перу) 1-4

-68 кг – 49

Моника Стефановска – Ивона Тубиќ (Хрватска) 4-3

Моника Стефановска – Ализ Ажеир (Франција0 0-3 – четвртфинале

Репасаж

Моника Стефановска – Андрине Хилтон (Норвешка) 1-3

60 кг – 64

Емил Павлов – Каисар Алписбај (Казахстан) 0-1

-84 кг -64

Берат Јакупи – Алехандро Молина Аренкон (Шпанија) 1-3

Виктор Крстевски – Урош Мијалковиќ (Србија) 3-1

Виктор Крстевски – Игир Чихмарев (Казахстан) 0-1

+84 кг – 64

Мартин Несторвски – Иван Клепиќ (Босна и Херцеговина) 1-1

Жарко Арсовски – Димаш Акматов (Казахстан) 3-0

Жарко Арсовски – Јонатан Хорне (Германија) 0-1

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО