Ништо не e договорено меѓу Џошуа и Фјури, тврди Ворен

Британците Ентони Џошуа и Тајсон Фјури мора да се договорат околу многу услови, но тоа не би требало да биде пречка за нивната борба, смета промоторот Френк Ворен.

Наредната година се очекува да се случи најголемиот боксерски спектакл во рингот, во кој ќе се соочата Џошуа и Фјури, кои заедно се сопственици на четири шампионски појаси.

„Зборуваат дека се е договорено, но ништо не е договорено. Она што е утврдено е дека зарабутувачката ќе ја поделат по половина. Но има уште многу работи за кои треба да разговараат. Кој ќе излезе прв. Кој од која стррана ќе биде? Ајде да направиме листа и да фрлиме паричка. Кој ќе добие тој прв ќе излезе. Нема пречка за одржување на оваа борба, откри Ворен.

Борбата меѓу Џошуа и Фјури ќе биде една од најголемите во историјата, а „Тајмс“ објави дека двајцата тешкаши за првиотм еч ќе добијат по 100 милиони фунти.

Но за да селучи оваа борба Џошуа прво ќе мора да победи во борбата со Бугаринот Кубрат Пулев, а Фјури го чека реванш со Американецот Дионтеј Вајлдер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО