Џонс е подготвен да отсуствува подолго за да направи промена

Шампионот во лесна категорија Џон Џонс е подготвен да биде отсутен од УФЦ со години. „Коски“ инсистира дека треба да добие повисоки плата и не е подготвен за компромис. 32-годишниот шампион сака да направи промена за да ги зголеми приходите на борците. Џонс тврди дека ги познава борците на УФЦ кои спијат во салата Албукерки, затоа што не можат да ја платат киријата.

Џонс ја одбрани титулата во февруари годинава со победа над Доминик Рејес. Тој сакаше да се бори против Френсис Нгану во тешка категорија, но малата плата го одврати. Сега Џонс сака да го искористи влијанието и е подготвен да ја одбрани својата позиција.

„Не сакам ништо скандалозно и знам дека сме во пандемија. Знам, кога сте мултимилионер и сакате повеќе, тоа ве тера да изгледате како алчен човек. Свесен сум за сето тоа, но исто така сум свесен дека имам глас и платформа, за да направам промена. Има момци кои се прилично лоши, но не можат да зборуваат. Таквите борци не кажуваат дека имаат втора работа, тие позајмуваат пари од родителите.

Познавам многу борци кои живеат во Џексон Винк ММА бидејќи не можат да ја платат киријата. Овие борци се борат во УФЦ. Тоа е тажно. Ако се наредат работите да бидам во лош однос со Дана Вајт и да сум неактивен следните години, тоа ќе го направам. Луѓето ве паметат за такви работи, не заради титулите.

Ќе го направам тоа за младите. Не сакам да се борам наскоро. Немам интерес да се борам во УФЦ додека не ми го платат она за кое мислам дека вредам. Мислам дека е прилично силно кога ќе застанете за она што мислите дека е правилно. Мислам дека УФЦ ќе сфати дека имаат посебен спортист во моето лице и ќе се разбереме“, рече Џонс.

https://www.instagram.com/p/CBwxvEZlcd9/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CB1MHKfFJ5e/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО