Нина Славевска е подговена за големиот предизвик – Европското првенство во Лутраки

Нина Славевска е репрезентативка во борење од Вардар 1961 која ќе настапи Европското првенство за У-15 во Лутраки, Грција, од 14 до 19 мај. 

Од клубот изразуваат задоволство од подготовките со репрезентацијата и дек азавршните ги прави во матичната средина со борачки од косовскиот клуб Качаник.

„Нина ќе настапи во категорија 66 килограми. Се подговува веќе два месеци, а минатата недела беше на заеднички подготовки во Штип со нашите репрезантативки и репрезнтациите на Косово и Албанија“, вели тренерот на Вардар 1961 Игор Неделковски и нагласува:

„Викендов е на завршни подготовки во својот клуб и со косовскиот клуб Качаник, со кој се прават завршни анализи и тактики. Очекуваме солиден настап на Нина, бидејќи ова е прво настап на еден поголем настан. Сепак, се работи за Европско првенство, па мотивот е голем“.

Од друга страна, искусната сениорска репрезентативка Вероника Рјабоволова настапува Светските квалификации за олимписка норма во Истанбул, Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО