Конор Мек Грегор нарачал „бугати“ од неколку милиони

Иконата на УФЦ, Конор Мек Грегор, додава нов додаток во својата флота на возила од висока класа.

На неодамнешниот семеен собир поранешниот шампион во две дивизии на УФЦ ја покажа својата колекција пред фановите стоејќи пред четири „ренџ ровери“. Неколку дена претходно Мек Грегор рече дека има намера да потроши милиони долари на друг автомобил, за да го додаде во неговата колекција. Неговата колекција се состои од автомобили како бентли, ламборџини и ролс ројс.

Сега Конор планира да купи бугати за да го додаде во колекцијата. Со оглед на тоа што „Бугати“ е познат по производство на премиум автомобили, иконата на УФЦ планира да потроши меѓу 3 и 5 милиони долари, бидејќи сака неговиот автомобил да биде пособено уникатен.

Конор моментално е целосно фокусиран на подготовките за првиот  меч по три години. Мек Грегор не се борел откако ја скрши ногата во трилоијата со Дастин Париер на УФЦ 264 во јули 2021 година. Тоа ќе се промени на крајот на јуни во Лас Вегас, каде Мек Грегор ќе се бори со Мајкл Чендлер.

Поразот најверојатно би бил крај на кариерата на Мек Грегор како главен кандидат за ММА, додека победата најверојатно би го ставила во борба за титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО