Никола Арсов најдобар на „Јордан Мијалков“ во Штип

205

Boks 2

Штип го положи тестот, односно босерскиот клуб „Пинк пантер тим“, со организацијата на Меѓународниот меморијален турнир „Јордан Мијалков“. Беспрекорна организација, задоволни гости и публика. Кога сме ја публиката, ја имаше околу 3000, така што може на боксот да му позавидат и фудбалот и кошарката.

Прв носител на трофејот „Јордан Мијалков“ е боксерот на „Пинк пантер тим“ од Штип, Никола Арсов, кој во финалето го победи Вранеци од Косово. За најдобар техничар беше прогласен Андреј Пешиќ од Југ Боксинг од Лесковац, Србија. За најдобар бокс меч беше прогласена борбата помеѓу Антон Брахими од Косово и Лабан Бекири од Албанија, додека за најдобар странски боксер беше прогласен Словенецот Клемен Туркуш.

Boks 3

Вкупно имаше 13 борби со натпреварувачи од 5 држави, од кои 8 беа од Македонија, а 5 од нив забежаа победи. Коцев, Лескаровски, Ристевски, Демиров и Арсов забележаа победи.

– Сите беа задоволни од организацијата и од самиот турнир. Идната година планирам да направиме уште подобар турнир кој ќе трае 2-3 дена, ни рече Илија Младеновски од БК Пинк пантер тим.

ipon.mk/В.Д.