Нико Али Волш продолжува со победите (ВИДЕО)

Внукот на иконата Мухамед Али – Нико Али Волш, ја забележа трета победа меѓу професионалците. 21-годишниот Американец го победи сонародникот Рејес Санес во меч од главната карта на настанот Васил Ломаченко – Ричард Коми.

Средбата беше уште поспецијална за потомокот на Касиус Клеј, бидејќи беше негово деби во легендарниот Медисон сквер гарден.

Волш дојде до победата откако избоскира цели 12 минути, а судиите во рингот едногласно досудија во негова корист – 40-36, 38-38 и 39-37.

Тоа беше и негова прва победа на поени откако првите два меча ги доби со ТКО.

Волш потешко го започна мечот и ја искористи предноста во обесег на рацете и височината, но Рејес го заврши мечот жестоко, а некои навивачи и експерти велат дека 29-годишниот Рејес заслужил барем нерешено.

Поразот беше прв во професионалната кариера на Рејес, кој веќе има актив од 3 победи и 1 пораз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО