Александар Волкановски доби црн појас во бразилско џиу џицу

Шампионот на УФЦ во перо категорија, Александар Волкановски, е последното име на списокот на елитните ММА борци кои имаат црн појас во бразилско џиу џицу.

33-годишниот Австралиец со македонско потекло се искачи на рангот на долгогодишниот тренер за граплинг Џо Лопез, кој е и главен тренер на австралиската ММА.

Волкановски во својата речиси 10-годишна професионална ММА кариера има 23 победи и еден пораз.

Само три од овие 23 триумфи дојдоа по предавање на противникот. И покрај тоа што Волкановски е познат по своите кик-бокс вештини и тешките тупаници, во својот последен меч покажа дека и неговото борење е светска класа.

Волкановски во спетември го победи Брајан Ортега со едногласна одлука, но работите можеа да испаднат радикално поинаку. Во третата рунда Ортега успеа да го фати шампионот во гилотина од која се чинеше апсолутно невозможно да се извлече.

Меѓутоа, Александар Велики најде сила и се ослободи од канџите на Ортега, стекнувајќи ги симпатиите и почитта дури и на најекстремните љубители на граплинг.

Набргу потоа, шампионот успеа да побегне од „триаголникот“ докажувајќи колку се важни граплинг вештините за успешна ММА кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО