Ник Дијаз претепал четворица во ноќен клуб!

Nik-Dijaz

Според американските медиуми, Ник Дијаз, во ноќта во вторникот спрема среда учествувал во пресметката која се случила во ноќниот клуб Хајд.

Клубот инаку е во рамките на хотелот Белагио во Лас Вегас, а Дијаз проводот ќе го запмети по борбата четворица напаѓачи.

Според ТМЗ, Ник на пат до тоалетот и случајно закачил еден минувач, а потоа му се извинил, но извинувањето не било прифатено. По кратка вербална конфронтација, човекот со кого влегол во расправија си отишол, но за некое време се вратил со уште три лица и го нападнале оостариот од браќата Дијаз.

Комплетниот хаос од тоалетот се преселил во казиното. Според сведоците, Дијаз успешно се одбранил, ги напаѓал со разлини зафати на завење и удари при што во целата мешаница добил исекотина на главата, но на крајот напаѓачите се оние кои извлекле подебелиот крај.

„Не го почнав ова. Тие знаеја кој сум јас и го извлекоа подебелиот крај“, вели Дијаз, додавајќи дека нема намера да тужи, бидејќи тие си поминале многу полошо од него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО