Рори Мек Доналд потпиша за Белатор

Rori Mek Donald so

Уште едно големо име го напушти УФЦ и помина кај конкурентите.

Рори Мек Доналд (18-4) потпиша договор со Белатор.

27-годишниот Канаѓанец минатиот јули се бореше за појасот во полусредна категорија во една од најголемите ММА борби на сите времиња против Роби Лоулер. За УФЦ дебитираше со победа со армбар против МајкГајмон во јануари 2010 година, а во последната борба во јуни беше поразен со едногласна одлука на судиите од Стивен Томпсон. ВО УФЦ постигна 9 победи и 4 порази.

По истекот на договорот со УФЦ одлучи да ги слушне понудите на заинтересираните страни и одлучи да ја прифати поканата Белатор, а УФЦ не сакаше да ја изедначи понудата и да го задржи борецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО