Ник Дијаз: Конор Мек Грегор нема формула за победа над Хабиб

Постариот од браќата Дијаз, Ник, се изјасни во врска со евентуалната супер-борба меѓу Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов, која станува се поактуелна и има големи шанси да се одржи во ноември.

„Ова ќе биде тешка борба и за двајцата. Многу се големи тензиите на едниот, бидејќи сите очекуваат Хабиб да го победи. За борец, како Конор, ќе треба многу време за да ја открие формулата за победа над луѓе како Жорж Сент Пјер или Хабиб. Против такви борци ти треба формула за да победиш. Нема само просто да лежиш на подот, треба да знаеш како да се исправиш и како да ги свртиш работите во своја корист“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО