Ник Дијаз доби моќен заштитник, сенатор застана во негова одбрана и бара намалување на казната

Nick-Diaz-crop

Ник Дијаз доби голема поддршка од многу моќен човек во државата Невада – сенаторот од Тик Сегерблом.

Овој човек, ианку голем љубител на ММА, застана во одбрана на Ник Дијаз кој Атлетската комисија го суспендираше на дури 5 години и практично му ја заврши кариерата. Причината за тоа беше падот на тестот за дрога по УФЦ настанот што се одржа во почетокот на оваа година. Дијаз се бореше со Андерсон Силва, а во тело му се пронајдени траги од конзумирање на марихуана.

Во изјавата за ТМЗ, сенаторот Сегерблом рече:

„Мислам дека ова што му го го направија е потполно непримерно. Марихуаната е припзнаена како лек во Уставот на Невада. Како тогаш може да го казните човекот кој земал лек. Особено затоа што не придонесува на вашите перформанси“?, праша Сегерблом и додаде:

„Мислам дека треба да се преиспита оваа одлука, а потоа и драстично да се променат правилата“.

Освен сенаторот Сегерблом, во одбрана на Ник Дијаз застана цела „армија“ негови колеги од УФЦ. Единствениот кој не застанаа зад него се неговите работодавачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО