Нгану посака привремена титула во мечот со Розенструик

Френсис Нгану (14-3 ММА, 9-2 УФЦ) се согласи со својот противник Жаирзињо Розенстроик и повика на создавање привремена титула во тешка категорија.

Тие ќе си ги одмерат силите на 9 мај, веројатно во Флорида. И двајцата се близу до појасот, но, за жал, нема многу јасност во категоријата, затоа што УФЦ сака реванш меѓу Миочиќ и Кормиер. Шампионот сè уште ја лекува повреда на окото и не е познато кога ќе се врати.

За неколку месеци, Стипе ќе наполни една година како е надвор од кафезот, а на Нагану не му се допаѓа тоа. „Предаторот“ гледа победа со нокаут над Розенструик и сака да биде на чисто во категоријата. Френсис повика на создавање на привремен наслов, кој потоа ќе се обедини со Миочиќ.

„Со оглед на ситуацијата, треба да има привремена титула и го предложивме тоа, но се чини дека УФЦ нема интерес. Остануваат уште неколку месеци до август и шампионот ќе биде неактивен цела година. Не знаеме кога ќе има битка за титулата во категоријата и во одреден момент ќе мора да продолжиме понатаму. Што ќе се случува откако ќе се бориме на 9 мај? Што е следното? Тие мора да имаат привремен појас.

Лут сум, затоа што ќе мора да знаеме што се случува во категоријата. Што ќе правам ако победам? Ситуацијата доста е матна  и сакам УФЦ да ја расветли. Мојата борба со Розенструик нема да трае до крајот, ќе го нокаутирам. Слушнав дека тој ќе ме нокаутирал. Дефинитивно ќе има нокаут, но нема да биде така како што мисли тој“, рече Нгану во интервју.

https://www.instagram.com/p/B_FnDdKnIYh/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО