Нгану: Ќе го нокаутирам Стипе Миочиќ пред истекот на тертата рунда

Френсис Нгану (10-1, 5-0 УФЦ) е подготвен за напад на титулата на УФЦ во тешка категорија.

Французинот попотекло од Камерун кој се бори помалку од четири години се надева дека оваа зима ќе добие шанса против Стипе Миочиќ.

„Засега не е јасно. Го сакам Стипе, но зборуваат и за Оверем. Ќе се борам на 2 декември на УФЦ 218 во Детроит или на 30 декември во Лас Вегас“.

„Радо би се борел во Детроит затоа што тоа е 28 дена порано. Требаше да се борам овој месец, но тоа не се случи и оттогаш само чекам, а тоа не ми се допаѓа“.

„Веќе знам за што се подготвени убијцитет. Сите ги знаат сите нивни вештини. Тие не ги знаат моите. Само ги откриваат. Секоја вечер носам ново изненадување. Сè уште не сум бил во прилика да покажам се што знам“.

„Ќе го нокаутирам Стипе кога ќе се бориме. Мислам дека ќе го нокаутирам пред да истекот на третата рунда“.

„Предаторот“ требаше на УФЦ 215 ќе ги  одмери силите со поранешниот шампион Дош Сантос, но Бразилецот падна на допинг-тестот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО