Нгану го врачи појасот на мајка му

Френсис Нгану конечно се врати во татковината и беше пречекан како крал. Предаторот го нокаутира Стипе Миочиќ пред еден месец и седна на тронот во тешка категорија. Неговата голема желба се исполни и се врати во Камерун, каде и ја додели титулата на својата мајка. Нгану беше пречекан од илјадници навивачи и беше придружуван на улиците од властите. Френсис е идол на многумина во својата татковина.

Неговата приказна е достојна за филм и Холивуд веројатно нема да пропушти да снима филм базиран на неговата приказна. Уште како дете работел во рудници за песок за да му помогне на семејство откако нивниот татко ги напуштил.

Нгану е прогонуван од локалните банди кои го сакале во своите редови, но тој не сакал да стане криминалец. Започнува патувањето од Камерун и едвај преживува, за да стигне до Франција, каде што спие на улиците.

За негова среќа, запознава тренер кој му дозволува да спие во теретаната и да тренира без пари. Останатото е историја и момчето кое вчера спиеше на улица и јадеше од ѓубрето, денес е светски шампион во тешка категорија на најголемата ММА организација во светот.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО