Несторовски, Манојловски, Недев… меѓу најдобрите спортисти на Скопје

Sportisti 2015 sojuz na sportovi skopje 

Сојузот на спортови ги прогласи најдобрите за 2015-година.

Евгениј Поп Ацев, Ненад Манојловски, Дејан Недев, Игор Стефановски и Мартин Несторовски се добитници на признанијата за најдобри спортисти што го доделува Сојузот на спортови на град Скопје за годинава што изминува.

Во младинска конкуренција наградите им припаднаа на Мила Саздова, Петар Заборски, Бобан Илијоски, Филип Талески и Рамадан Мустафовски.

За најуспешни тренери се прогласени шефот на стручниот штаб на ракометниот клуб Вардар, Раул Гонзалез и селекторот на кик бокс репрезентацијата Дејан Митровски додека за најуспешни екипи се машкиот и женски ракометен клуб Вардар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО